АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Таблата со натписот со новото име на нашата држава Република Северна Македонија пристигна за царинската испостава на граничниот премин Меџитлија, потврдија за апла.мк
вработени лица на овој граничен премин , но уште не се знае кога ќе биде поставена. Засега не е дозволено фотографирање и снимање на таблата додека не се постави на соодветното место, бидејќи се чека вербална нота од Република Грција дека се надминати сите пречки на деценискиот спор со името. По ова се очекува нотата да биде објавена во Службен весник, па ќе следува поставување на табли на граничните премини Табановце, Богородица и Меџитлија.