2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВО ДЕПОНИЈАТА МЕГЛЕНЦИ ПО 33 ГОДИНИ СЕ НАБАВИ НОВ БУЛДОЖЕР

Февруари 21, 2019

По 33 години во депонијата Мегленци во Битола се купи нова машина, поточно булдожер за насипување на отпадот со цел да се намалат можностите од појава на пожари.

 

„Минатата година имаше голем прожар и сите тие искуства нас како на раководство ни наметнаа да размилсуваме за инвестирање во механизација во депонијата Мегленци. Но и со остварената заштеда од минатата година ние се одлучивме да набавиме булдожер и тоа нов после 33 години првпат се набаваува нова механизација на депонија Магеленци со што и тоа како ќе се подобрат можностите за побрзо и поредовно насилување на отпадот и да се намалат можностите за пожар“, рече директорот на „Комуналец“ Панде Богоевски.

Булдожерот е платен во готово. Богоевски вели дека по покачувањето на платите на вработените од 8,3 проценти од минатата година, сега се вложува во механизација.

nov buldozer

„Наследивме стари машини кои ни создаваат проблеми зашто постојано плаќавме за нивно одржување. Беа набавувани како половни и постојано со проблеми беа. Па, планираме да продолжиме со инвестиции во механизација“ , рече директорот.star buldozer

На депонијата Магленци денес увид изврши и градоначалничката Наташа Петровска.

„Заштедата што ја направија со домаќинското работење минатата година овозможи да набават ново возило кое е во функција на работењето на депонијата“, рече Петровска.

52918070 492188314518581 4311987903501697024 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани