2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Талески си замина од градоначалник со три стана

Октомври 30, 2017

Доскорешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески си замина од функцијата со три стана. Според  податоците од анкетниот  лист што стои на страната на Државната комисија за спречување на корупција, фамилијата на Талески во 2015 година се подновила со стан, врз основа на купопродажен договор во вредност од околу  65 000 евра.

Во анкетниот лист не е наведена квадратурата на станот. Претходно Талески , уште пред да стане градоначалник, како личен имот прикажал два стана едниот од 70 м2 ,а другиот од 52 м2.

Како имот на својата сопруга навел и накит во вредност од 360 000 денари или близу 6 000 евра. Талески го прикажал и возилото цитроен Ц5 во вредност од околу 11 000 евра. Неговата сопруга на денарска платежна картичка прикажала 764 000 денари, или над 12 000 евра , додека Талески пријавил дека во една од македонските банки има депозит  од околу  2.969 000 денари или   48 000 евра.

Во 2014 година градоначалникот Талески тужеше советник во Општина Битола,  медиум и новинар кои пишуваа за неговата имотна состојба, но спорот го загуби пред скопските судови..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани