2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Идејата за фестивалот „Браќа Манаки“ се родила на гробот на Милтон (фотогалерија од чествувањето)

Март 05, 2019

Идејата за создавање на Фестивалот „Браќа Манаки“ се родила пред 40 години токму за време на чествувањето на 15 годишнината од смртта на Милтон Манаки. Коста Хаџиантоновски, еден од основачите и почитувачите на делото на браќата, на денешното чествување рече дека роденденот на Фестивалот се поклопува со годишнините од смртта на Милтон зашто идејата за Фестивалот се родила токму на едно од чествувањата на смртта на Манаки во 1979 година на Влашките гробишта во Битола. Денес со поагање свежо цвеќе на гробот на Милтон беа одбележани 40 години Фестивал и 55 години од неговата смрт. 

„По церемонијата која беше одржана на Влашките гробишта во Битола во 1979 година зедно со делагацијата која учествуваше на чествувањето отидовме кај тогашниот претседател на Општина Битола, Павле Ѓоргиевски и падна одлуката Битола да биде домаќин на еден фестивал се со цел да се вреднува делото на Браќата Манки. Така се роди првиот Фестивал на филмската камера, односно најпрво беа средби на филмските сниматели, за денес да го имаме големиот фестивал Браќа Макаки “, вели Коста Хаџи Антоновски, еден од основачите.

Фотографските записи на браќата Манаки се чуваат во Историскиот архив во Битола каде дигитализирани се околу 20 проценти.

„Сѐ она што е фото наследство и лични документи се кај нас. Се работи за еден фонд од над 6000 стаклени плочи и можеби 10 000 до 15 000 фотографии кои се моментално во процес на дигитализација. Тоа е процес кој тече бавно и мора да биди така зашто се работи за деликатна работа. Во скора иднина се надеваме дека ќе имаме можност да го презентираме тоа во јавноста“, рече Димитар Ѓоргиевски, помлад соработник во Историскиот архив.

Директорот на Кинотека на Македонија, Владимир Ангелов, на денешното чествување во Битола рече дека снимките на Манаки се најзначајни филмски материјали за Македонија и пошироко за целиот Балкански Регион. Филмскиот фонд е дигитално реставриран во Унгарија пред пет години и грижливо се чува во Кинотека на Македонија.

53188040 2401590076776058 3282811501978583040 n

53165136 2110849638961074 8812747346308759552 n

52964838 2203866779828404 5533124178942623744 n

53236247 263556547899972 3890118971394883584 n

53517155 648783848885490 6825780717947977728 n

53265489 1595906453887761 5780794670657306624 n

53450795 1377745262368755 4387331985039687680 n

53553155 313646979337776 280203095160389632 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани