2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Евгенија Дивитарова ученичка во Техничкото училиште изработува машини за гравирање со ласер, доби поддршка од ФОД-Битола

Април 09, 2019

Евгенија Дивитарова, средношколка  иноватор, е на чекор да изработи трета машина за гравирање со ласер. Оваа 17-годишна девојка е ученичка во Средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ во Битола и самата ги смислува софтверите, ги дизајнира и конструира деловите од машината на која се врши гравирање на текст, фотографии, па дури и уметнички дела. Досега изработила две машини, а за втората ја доби наградата за „Млад иноватор“ на натпреварот „Макинова“ во октомври лани во Скопје.

div 1

Резбата за која се потребни по неколку денови, а понекогаш и месеци за рачна изработка, машината ќе ја изгравира за три до четири часа. Текст пак, за десет до 15 минути.

„Преку соодветен софтвер дизајниран за ЦНЦ машини ја ставаме сликата, потоа се создава  г код , се даваат наредби, кодот се испраќа до уред кој ги движи моторите и кажува кога ласерот да биде вклучен, а кога исклучен. Според тоа, враќа повратни информации за положбата на моторите и на крај се гравира слика или текст“, објаснува младата Дивитарова .

Таа има големи планови околу создавањето на третата машина, но деловите се многу скапи, па потребна е поголема поддршка на младите таленти од заедницата, посебно од стопанството.

„Досега машините ги правев од сопствен буџет, за новата добив поддршка само од Фабриката за опрема и делови ФОД од Битола. Никој друг не е заинтересиран да помогне. Скапо е да се направи зашто овие делови што се користат ги нема во нашата држава и се порачуваат во странство. Од домашен буџет навистина е ташко и потребни се повеќе спонзори за да се направи една машина која ќе има повеќе функции и ќе може да им ја олесни работата во индустријата со дрво“, вели Дивитарова.

Првиот човек на ФОД-Битола , Методија Тасевски вели дека како општествено одговорна  компанија се подготвени да ги поддржат талентираните деца и технички и финансиски.

„За Евгенија слушнав од медиумите и веднаш нејзината приказна го привлече моето внимание. Во моменти кога оператори на ЦНЦ машини се дефицит ние имаме млада девојка која самата изработува вака софистицирани машини. Во првиот момент слушајќи за Евгенија искрено јас се почуствував гордо како битолчанец. Преку директорот на Средното техничко училиште стапив во контакт со нејзината мајка и низ разговор дознав колку се жртвуваат како семејство за желбата на Евгенија да стане реалност, а воедно и талентот да не остане неискористен. Се решив да помогнам. Евгенија е на пат да направи нова пософистицирана машина, а ние како општествено одговорна компанија сме спремни да ја поддржиме од технички и финансиски аспект. Сигурен сум дека во нашиот град има уште многу талентирани деца, ова нека биде поттик и за нив, нивните родители и наставници, но и за бизнис заедницата, да се вклучиме сите  заедно во поддршка, вели Методија Тасевски, директор на ФОД-Битола.

div 3

Во областа во која се натпреаварувала мината година со ЦНЦ машината била единствено девојче. Се надева дека нејзиниот пример ќе биде поттик за останатите девојчиња да учествуваат на натпревари за иноватори. Со новата машина планира повторно да учествува на натпреварот „Макинова“, како и на друг во Босна.

„Се надевам дека ваквиот нејзин успех ќе охрабри многу млади девојки, да се насочат кон развој на критичкото размислување , иновативноста и техничките науки да бидат нивна следна определа“, рече Билјанка Христовска, ментор и предметен наставник на ученичката по стручните електро предмети.

divitarova2 728x410

divitarova3 231x410

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани