2win800x200

Битолчани ги затрупаа тротоарите со ѓубре, стара дограма и мебел со велигденското реновирање на домот

Април 15, 2019

Тротоари и  јавни површини  се затрупани со градежен шут, стара дограма, стар мебел кои граѓаните после реновирањето на домот ги оставаат кај ќе стигнат. Оправдувањето од типот „можеби на некој ќе му се најде“ не држи место и ја одразува несовесноста и неодговорноста на  оние кои не се погрижиле сопственото ѓубре да го депонираат на соодветно место.

Од ЈП „Комуналец“  постојано алармираат дека го собираа габаритниот отпад, но ретко кој од граѓаните совесно пријавиле во ова јавно претпријатие и побарале услуга.

 -Наместо на улици, во реката, или да се создаваат непотребни депонии во градот и околината, апелираме до граѓаните да пријават кога поседуваат габаритен отпад на 047 207 400 и во првата можна прилика, екипите соодветно ќе го отстранат од договорената локација, повикуваат од ЈП „Комуналец“-Битола.

dograma 1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани