АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гордана Лозановска Стефановска веќе не е претседател на ЛАГ- Пелагонија-Новаци (Локални Акциони Групи во Република Македонија), откако таа поднесе оставка „на вршење на должност, преставување на Општина Могила во рамките на ЛАГ-Пелагонија- Новаци и функцијата Претседател на ЛАГ Пелагонија “. Отказот бил поднесен на 15 април само два дена по пишувањето на Апла.мк и објавените реакции на дел од редовните членки дека во Здружението недолично и нетранспарентно се работи за што се известени градоначалниците на општините Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар.
Во оставката која Гордана Лозановска Стефановска ја доставила до Општина Могила таа се жали на „саботирање “ на нејзината работа, која патем била волонтерска.
„Во врска со состојбите кои се однесуваат на саботирање на мојата работа, (4 годишна волонтерска) и од мои лични причини , поради истите ве известувам дека се повлекувам од претставувањето на Општината во рамките на ЛАГ- Пелагонија , вклучително со тоа и функцијата Претседател на ЛАГ Пелагонија , Новаци. Оваа одлука е конечна“ , напишала Лозановска Стефановска.
По нејзината оставка се очекува како што е редот во сите граѓански здруженија да се свика годишно Собрание на Здружението и да се избере ново раководство. Но , тука останува отворено прашањето дали членовите на Управниот одбор кои заедно работеа со Лозановска Стефановска ќе се повлечат од функцијата.
Во меѓувреме Иницијативниот одбор поднесе писмено барање до Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство -Сектор за рурален развој во кое се наведува дека бараат состанок со овластени претставници од МЗШВ со цел решавање на проблемите во здружението ЛАГ Пелагонија – Новаци, а до надлежните ја доставиле и оставката од Лозановска Стефановска.
Од иницијаторите е поднесено барање и до АФПЗРР за можноста да се разгледа барањето за користење на финансиска поддршка по јавен повик по Мерка 412 Воспоставување на локални акциски групи (ЛАГ) и Мерка 413 Реализација на стратегии за локален развој на рурални средини.