АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Патеките што водат до прочуениот Филмски мост во Зовиќ во заедничка еколошка акција од ѓубре ги исчистија ученици од Основното училиште „Тодор Ангелевски“ од четврто три одделение, предводени од наставничката Весна Гагаловска во соработка со месното население.
Најпрво се одржа еко час на отворено на кој учениците се запознаа со правилата за движење во природа, со убавините во мариовскиот крај и начинот на кој можи да се заштитат и чуваат природните убавини. Потоа во групи се чистеа патеките низ селото и патеките кои водат кон Филмскиот мост. На одредени места се поставија и еко канти.
„Од мала возраст негуваме и градиме позитивни особини и чувства кон природата. Ние сме дел од неа и вака работно го одбележуваме Денот на планетата Земја, патронот на нашето училиште и апелираме за поголема еколошка свест“, рече наставничката Гагаловска.
Иако во село Зовиќ нема многу жители, сепак, низ селото и по патеките кон Камениот мост на Градешка Река имаше расфрлено ѓубре. Местото изобилува со прекрасни пејсажи, чиста еколошка средина и често е посетувано од туристи. Мостот народот го нарече Филмски, откако таму беа снимени сцени од филмот „Прашина“ на Милчо Манчевски.