АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изборниот штаб на Стево Пендаровски во Битола објави дека има благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова. Ова го поткрепуваат и податоците од ДИК
на обработени близу 26 000 гласови, според кои Пендаровски освои 12 078 гласови , додека Силјановска Давкова 12 038 гласови . За Река гласале 629 гласачи, додека неважечки биле 1167 ливчиња.
Билјана Поповска од СДСМ-Битола рече дека резултатите што ги добиле од нивниот аналитички центар ги потврдуваат податоците од ДИК, дека нивниот кандидат во Битола е во благо водство.
-Битола покажа дека е европски град, а дека битолчани сакаат напредок и европска иднина. Во вториот круг ќе ја потврдиме европската иднина со подршка на Стево Пендаровски, рече Поповска.
Половина час пред тоа, од Изборниот штаб на Силјановска Давкова во Битола изјавија дека тие се во водство. Од 163 обработени избирачки места од вкупно 169 избирачки места за Силјановска Давкова гласале 17 965 , а за Пенадаровски 17 595 гласачи од Битола.
,,Ова е сумираниот податок во повеќето од изборачките места води Гордана Силјановска Давкова. Очекуваме убедливо победа во вториот круг, рече Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Низ улиците во Битола се слави такашто од автомобили се веат државното знаме и знамиња со шеснаесеткракото сонце.