АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со зурли и тапани, аплаузи и скандирања „Стево, Стево“, СДСМ од Битола ја слави победата на нивниот кандидат Стево Пендаровски на вториот круг од претседателските избори.
„Со гордост соопштуваме дека идниот претседател на оваа држава е Стево Пендаровски. Тој води со над 60 000 гласови на ниво на држава и очекуваме ваквата тенденција со пребројувањето на гласовите да продолжи да расте. Граѓаните гласаа за концептот кој води напред и кажаа не на темното минато“, изјави Гого Видимче од пред Штабот на СДСМ во Битола.
Низ битолските улици можат да се видат возила кои свират во знак на победа и од кои се вее државното знаме, а имаше и огномет.
Инаку според првичните неофицијални податоци на ДИК,од обработени 98 проценти од гласовите Стево Пендаровски има освоени 51,72 проценти или 429 807 гласови, а Гордана Силјановска Давкова 44,67 проценти или 371 214 гласови.