2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

И во невреме, небото над Битола безвременско низ фотообјективот на Игор Горко

Мај 25, 2019

Кога Битола ќе ја зафати невреме како она пред пред два-три дена, секој гледа да се засолни. Кој и да фрли поглед на горе е за да види дали облакот поминал, а во услови на грмотевица, глетка и не е пријатна. Но, талентираниот фотограф од Битола, Игор Горко со својот фотоапарат успеа да го улови величенственото небо над Битола и Пелистер дури и за време на невреме.

60656358 341418586485832 6971432503588421632 n

(Фото: Игор Горко во средината) 

- Човек останува без зборови кога ќе ги виде твоите фотографии за тоа колку е вечиченствена природата во моменти кога сите се засолнуваат од неа. Што те мотивира да го фотографираш небото?

И. Горко: Ова се циклус фотографии со кои вршам документирање на различни атмосферски појави над нашиот град и блиската околина, со цел на еден експериментално уметнички начин да се сподели убавината која е секаде околу нас, но во ова динамично и стресно време не секој може да ја види.61038556 10219479448996654 3011057865914843136 n

- Твоите фотографии ја враќаат надежта дека колку и да напреднала технологијата, сепак мобилните телфони не можат да ја украдат магијата на фотографот?

И. Горко: Факт е дека ние сме мал пазар за кај нас да се живее од фотографија, особено денес кога секој со своите мобилни телефони фотографија. Но, тоа не знали дека секој е фотограф. И, не! Магијата на фотографијата никогаш нема да биде украдена зашто таа е во оној кој стои зад фотоапаратот.

- Од кога со фотографијата, како започна дужбата и што те привлекува, инспирира?

И. Горко: Интересот за фотографирање започна пред околу 15 години, аматерски, а потоа и професионално студирајќи и експериментирајќи со различни техники, софтвер и фотоопрема. На смиот старт од чиста љубопитност го „крадев“ фотоапаратот на мојот дедо за да го фотографирам она што ме опкружуваше. Во фотографирањето има повеќе аспекти кои ја компонираат содржината на фотографиите. Тоа се крајната цел, понатаму дали фотогрфаијата ќе биде сценирана или ќе се улови момент од случка... Мислам дека моментите се многу важни. Доколку не успеете да го доловите моментот кој вие го гледате во таа секунда, приказната, пораката е веќе изгубена.

Ж.З. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани