2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ракометарот Филип Кузмановски на роденденот ја запроси својата девојката за жена

Јуни 22, 2019

Еден од најдобрите ракометари во Македонија, Филип Кузмановски, вечерва за време на својата роденденска прослава во ресторанот „Чифлик“ во Битола ја запроси својата девојка за жена. Тој пред своите блиски пријатели и соработници клекна на колена и со прстен во рацете ѝ предложи брак на неговата долгогодишна девојка Моника Игнова. Таа возбудена на предлогот одговори со „да“.

Инаку, Кузмановски играше за Пелистер, Металург и Еурофарм Работник , а следната година својата спортска кариера ја продолжува во Германија. Пред да замине таму, тој одлучи да се впушти и во брачните води.

Според Гол.мк Игнова е 25-годишната велешанка и прва братучетка на соиграчот на Филип од националниот тим, Дејан Манасков. Таа ги заврши додипломските студии на Правниот факултет во Скопје, а сега е на мастер студии на истиот факултет.

Кузмановски денес слави 23 години. 

Фотографијата Апла.мк ја позајми од фејсбук профилот на советникот Методија Илиевски од Битола, кој е присутен на забавата и им ги честите овие среќни мигови на неговиот пријател Филип и неговата избраничка.64670233 309478203289350 3057585216567640064 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани