2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Напредните идеи на битолскиот Ѓаур паша

Јули 05, 2019

Битолскиот валија Абдул Керим паша познат по тоа што ги градел Офицерскиот дом, па објектот каде подоцна бил сместен стариот битолски Народен театар и бројни други инфраструктурни зафати на крајот од 19 и почетокот на 20 век, муслиманското население го нарекувало “Ѓаур паша“, а христијанското „Мајче“.

Овие надимаци ги добил поради неговиот толерантен и достоинствен однос кон христијаните, а ги казнувал беговите, мудурите и кајмакамите кои се огршиле. За значењето на овој паша за Битола и напредокот што го поттикнал во меѓучовечките односи и во градителството, пишува битолскиот хроничар Александар Стерјовски во неговата најнова книга „Калеидоскоп“.

Валијата во Битола дошол во 1895 година кога пред голема маса љубопитни граѓани, дипломатски кор, офицери и други службеници слично на современите политичари јавно ја презентирал својата програма, што во тоа време било реткост.Abdlkerim Pasha

Пред присутните рекол: „чиновништвото и беговите треба да живеат во хармонија и во љубов со народот, а не да сочинуваат касти и да се во непријателство“. На рајата ѝ порачал: „Секој кој има потреба нека дојде кај мене во секое време на денот, дури и на полноќ, моите порти секому ќе му бидат отворени. Селанинот нека не ги собува опинците кога ќе се претстави пред мене , јас ќе го сослушам“.

Дури и рускиот конзул Александар Ростковски раскажувал дека Керим паша веднаш ги сменил и ги предавал на суд сите мудури, кајмаками за кои ќе се покажело дека се виновни, заповедал да бидат затворани и муслимани кои вршеле притисок врз христијаните. Поради ова, си создал непријатели кои го нарекле „Ѓаур паша“. Стерјовски пишува дека интригите и нападите станале толку бројни   и исфрабрикувани што по разни канали пристигнувале до султанот. Неможејќи тоа да го издржи, Керим паша под изговор дека има нарушено здрвје, ја напуштил Битола и заминал за Константинопол.

Стерјовски пишува дека останал запаметен како еден од најнапредните и најправедните валии. Презел големи градежни зафати за поздрава и поубава Битола. Поставувал канализација, го уредил коритото на реката Драгор, ги калдармисувал улиците, преку ноќ ги на местото на муслиманските гробишта во центраот на Битола подигнал модерни објекти, меѓу кои и оној каде подоцна ќе биде сместен Народниот театар. Почнал да го гради и Офицерскиот дом, архитекстонскиот бисер на Широк Сокак, палата за свечени приеми, забави и одмор, а објектот бил дограден подоцна по Првата светска војна.4A176958971D12448D76412BB68C1480

„Иако денес неговото име стои на една помала битолска улица , споменот за него е многу позитивен и тој е еден од ретките османлиски службеници за кои се говори со суперлативи „, запишал хроничарот Стерјовски.

Ж. З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани