2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Болниците од Битола, Корча и Лерин потпишаа договор за соработка

Ноември 13, 2017

Договор за соработка во областа на хирургијата, денеска потпишаа директорите на болниците во Битола, Корча, Албанија и Лерин, Грција. Станува збор за соработка во областа на хирургијата и воведување нови методи на лечење, кои досега не се применувале во овие три болници. Проектот е подржан од европските фондови, а ќе се реализира со врвни едукатори од земјите на ЕУ.

- Соработката меѓу трите болници значи почеток за развој на нови методологии во областа на хирургијата, што ќе овозможи размена на искуства. Воспоставената соработка обезбедува континуитет и непречен престој на лекарите од трите градови. Проектот ќе се одвива 24 месеци и ќе биде фокусиран на три нови хируршки техники со можност за пренесување на стекнатите искуства и знаења. Тоа значи дека секоја од болниците ќе биде носител на три нови техники, кои досега не се работеле, нови начини на лекување во хирургијата, што ќе резултираат со примена на девет нови техники во сите клинички центри потписници на договорот, истакна Жаклина Сервини, заменик директор во Клиничка болница-Битола.

Со овој договор пациентите кои за некои услуги биле принудени да патуваат во поголеми клинички центри и да плаќаат поголеми трошоци, сега ќе имаат можност да ги добијат во болницата во својот град. За битолската Клиничка болница предвидени се воведување на хируршки методи за периферни крвни садови, како и лапароскопски операции на дебело црево.

-Очекувам голема соработка меѓу трите партнерски клинички болници од регионот и тоа ќе биде посебно од корист за нашите пациенти, за нашите колеги и други корисници на нашите услуги и медицински технологии. Сметам дека овој  проект ќе отвори можност за соработка и на други полиња во медицината од трите болници, истакна Агрон Гуро, директор на Клиничката болница во Корча, Албанија,

Претставникот на Клиничката болница во Лерин, Џорџ Константидис, реќе дека основната цел од оваа соработка треба да резултира со формирање на регионален хируршки центар и програма за развој со примена на нови технологии. Со оваа програма пациентите нема да има потреба да патуваат за да се лекуваат во други градови туку само во Битола, Лерин или Корча - рече Константидис. 

Соработката треба да започне во февруари, откако фондот на Европската комисија ќе го одобри проектот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани