АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов лик добива северната трибина на стадионот во Битола, вели Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, според кој ако се продолжи со работа со сегашното темпо напролет битолчани ќе имаат комплетно нова трибина.
-Продолжува со засилено темпо изградбата на стадионот во Битола. Во наредните два месеца треба да биде донесена трибината до фаза на карабина, а потоа и занаетчиските работи. Ако се продолжи со ова темпо, напролет би требало да заврши изградбата на комплетната северна трибина. Вкупната инвестиција е 5,5 милиони евра, а сите пари ги обезбедува Општина Битола. Ланската година беа платени 1,1 милиони евра, а во текот на оваа и наредната ќе се плати остатокот од парите, изјави за апла.мк претседателот на Совет на Општина Битола Груевски.