2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За киното „Манаки“ потрошија 600 000 евра, а не го ставија во функција

Ноември 16, 2017

600 000 евра општински пари потроши претходната локлна власт предводена од екс градоначалникот Владимир Талески за изградба на киното „Манаки“ на Широк Сокак, а до крај не го заврши проектот, па киното сѐ уште не е ставено во функција.

Потрошената сумата беше утврдена со пописот што новата локална власт го направи врз досегашното финансиско работење во Општината.

-600 000 евра за кино кое се уште не е ставено во функција. Во овие пари не влегуваат парите кои треба да се обезбедат за внатрешно уредување на киното- рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.  

Киното „Манаки“ се градеше повеќе од четири години. Темелите беа поставени во март 2013 година кога Талески во присуство на екс министерската за култура Елеизабета Канческа Милевска најави дека киното ќе биде готово до крајот на неговиот мандат. Последниот мандат му беше продолжен за пет месеци, но киното не беше ставено во фунција.

При посетата на екс премиерот Никола Груевски во јули годинава во Битола, Талески му реферираше дека  преабициозно е да се очекува есенва киното да биде ставено во функција и дека ќе им требаат уште шест до осум месеци за да го пуштат во употреба.  

Тогаш Талески изјави дека се пред избор на мебел и дека ја испитуваат можноста со прекугранична соработка да ја набават потребната опремата. Како што беше најавено при ставањето на камен темелникот за киното, тоа требаше да биде опремено со најсовремена кино опрема.

Сега ваквата обврска, претходната локална власт и Талески за проектот со кој се фалеа пред секои избори ѝ ја остави на новата локална власт.

Инаку, новоизграденото кино го зачува стариот изглед на киното кое браќата Манаки го работеле во 19 век во Битола. Но, имаше критики во јавноста поради орнаментите на фасадата изработени од стриропор, па се ронат, како  и за градежниот материјал ставен во задниот дел од киното за кое тогашната опозиција обвини дека е пластифициран лим, па киното во овој дел им наликуваше  на гулабарник.   .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани