2win800x200

Битолскиот Совет даде можност за згрижување повеќе деца во градинките

Ноември 17, 2017

Зелено светло даде Советот на Општина Битола во градинките да се дозволи формирање на воспитни групи со поголем број на деца.Во Битола има две јавни установи за претшколска  возраст со 14 градинки, во кои се згрижени  близу 1800 деца.

 

Според информациите од секторот за образование во општина Битола во ЈУДГ „Мајски цвет“запишани се 816 деца, а  дури 286 деца чекаат  на листите  за згрижување во градинка. Во јавната установа „Естреја Овадија Мара“,пак се запишани 847 деца , а преку 200 бараат шанса за згрижување.

На последната седница на Совет власта и опозицијата како ретко кога се согласија за проширување на бројот на деца во воспитните групи во градинките. Единствено воздржано гласаа двајцата независни советници од граѓанската иницијатива „Поинаку“ со аргументи дека како Совет воопшто не добиле информации од раководствата на двете претшколски установи во Битола за колку деца ќе се прошируваат воспитните групи од досега пропишаните норми во законот, дали може тоа да го поднесат вработените и капацитетите со кои располагаат градинките.

-Кај нас на комисија ниту некој дојде од градинките, ниту ни објасни колку деца имаат згрижено. Не знаеме ни колкав е бројот на групи кои треба да бидат зголемени. Според нас не е добро за децата ако во една просторија кој е предвидена за 25 се згрижени 35 деца. Сметам дека ваквите одлуки треба да бидат согласни со законот, бидејќи  ова не е решение, вели Габриела Илиевска, советник на независната иницијатива „Поинаку“.

За колку деца ќе се прошируваат групите  засега нема податоци од надлежните во градинките.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани