2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Чешкиот амбасадор си замина од Битола со цртеж насликан за него од малата Матеја

Ноември 15, 2017

Матеја Стефановска, Марија  Марковска и Ангела  Каранфиловска  се младите ликовни амбасадори на малиот  битолски Монмартр, кои денеска ги добија наградите за своите ликовни дела од учеството на  Меѓународниот детски ликовен натпревар "Лидице 2017" во Чешка.  Дипломите и наградите лично им ги донесе  амбасадорот на Република Чешка во нашата држава, неговата екселенција Мирослав Томан.

 

Годинава на 45 издание на „Лидице 2017“ учестувале со ликовни творби 25 илјади деца од 83 земји во светот.

-Ме радува што сум овде со вас, да ги наградам децата за нивните убави дела, што не е прв пат за нашата амбасада. Вие посветувате многу на овие деца и кога ќе погледам околу себе гледам зошто е тоа така, рече на средбата во малиот битолски Монмартр новиот амбасадор на Република Чешка, Мирослав Томан.

Битола е колевка на уметноста, а малиот  битолски Монмартр брендот на Битола и на Македонија, рече творецот на оваа ликовна манифестација Коста Хаџиантоновски.

-Среќни сме што чешкиот амбасадор во Република Македонија е кај нас во оваа зграда која не е бижутерија, туку храм на уметноста. Ова е цветна градина со големо богатство од детски творби, коишто навистина го освојуваат светот, рече Хаџиантоновски.

Чешкиот амбасадор Томан, си замина од Битола  со цртеж , вазна со цвеќиња,  насликан  за него од малата Матеја.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани