2win800x200

И Украинци ќе гостуваат на „Монмартр“ во Битола

Мај 20, 2022

И покрај војната, екипа од Украина годинава ќе присуствува на 41 издание на Детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ што од 23 до 30 мај ќе се одржи во Битола. Украинската екипа ќе ја сочинуваат ликовен педагог и двајца ученици од „Рокицки“- детско уметничко училиште од Володимир-Волински. Сепак, тие се единственото училиште од Украина кое ќе допатува во Битола иако дури десет училишта испратија цртежи и сите се наградени со златни палети и дипломи.CRTEI NA DECA OD UKRAINA

„Годинава по две години пауза поради пандемијата за парвпат повторно имаме деца учесници. И во овие турболентни времиња на светско ниво ние имаме околу 85 гости од 14 држави. За жал, нема да бидат присутни деца од евроазиските школи каде короната има некој друг тек и претставниците од Руската федерација кои поради политички случувања и војната не се во можност да патуваат“, рече Славчо Неделковски, дел од организација на Колонијата.

CRTEZI OD RUSIJA

Свеченото отворање е на 23 мај , понеделник, на платото пред Монмартр во старата чаршија во Битола. Ќе бидат доделени наградите и дипломите, а ќе се отвори и 40 Светска изложба со 777 цртежи избрани од стручно меѓународно жири од 22500 пристигнати творби од целиот свет.

„Годинава ќе го имаме и најмладиот учесник во историјата на Колонија, тримесечно бебе од Тирана , Албанија. Бебето е на еден од ликовните падагози и изразија желба и него да го донесат, па и за него подготвивме маичка и рекламен материјал“, рече Елена Хаџи Антоновска.

Меѓународното стручно жири наградата Гран при му ја додели на „Ателје Вејсел Аџар“ од Трабзон, Турција. Три специјални награди за училиштата „Данила Локарја Ајдовшчина, Словенија, „Св. Имре„ од Кечкемет, Унгарија и „Венјамин Костаче“ Манастиреа Неамт, Романија. По втор пат се доделува почесната награда „Коста Хаџи Антоновски“, која ќе стане традиција, а ја добива Ирина Кручинина од Русија, која 30 години е учесник на Монмартр, а годинава поради воениот конфликт нема да може да дојди да ја подигни .

Од Детското ликовно студио „Св Кирил и Методиј“ кои го организираат „Монмартр“ рекоа дека годинава се поддржани од Министерствата за образование и култура, од Општина Битола, Советот, приватници, но дека од в година веќе нема да ја играат политиката на молење пари по институции, туку ќе бараат средства од меѓународни фондови.

„Оваа година сме на позитивна нула за потребите на Фестивалот иако тоа е по традиционалните принципи на молење , излегување во пресрет. Нема да ја играме веќе политиката на молење , ќе создаваме дела и ќе покажеме и нови моменти. Од следната година ќе воведиме и мастер класови, го ребрендиравме Детското ликовно студио по франшизите на ‘Мал Битолски Монмартр’ и активно ќе се усмериме кон ЕУ фондовите“, рече Неделковски.

MONMARTR

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани