2win800x200

Нова шанса Битола да добие централно греење од РЕК-Битола!?

Ноември 15, 2017

Има ли шанса Битола да добие систем за  централно греење од РЕК-Битола? Ова е нова можност која се отвора по средбата на премиерот Зоран Заев со делегација од германската КФВ банка за подршка на развојни проекти, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција.

 

-Во фокус на средбата беше можноста за воспоставување на систем за централно греење во Битола, односно изградба на цевковод од РЕК Битола до градот, со што, во првата фаза на овој проект, ќе се воведе централно греење во јавните социјални и образовани институции како градинки, училишта и болници“, стои во соопштението на владината прес-служба.

Оваа можност уште во 2006 година на локалните избори ја отвори и бившата власт од ВМРО-ДПМНЕ. Цели 12 години власта во Битола, на чело со градоначалникот Владимир Талески, ветуваше изградба на топлификација за централно греење во Битола и не ја изгради. Една зима, за време на неговиот прв мандат, општината ја раскопа пешачката зона на булеварот „1 Мај“, покрај судовите, сè до гимназијата „Јосип Б. Тито“, постави неколку цевки, па падна снег, ги затрупа дупките, а потоа асфалтот ги покри трагите. Тогашната опозиција обвинуваше дека топловодот уште неизграден стопил околу 5 милиони евра, пари на битолчани. .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани