Доделени наградите за најдобри цртежи кои го носат името на прерано починатата Татјана Петрова

Септември 21, 2021

Ротари клубот Битола Широк Сокак денес за првпаат ги додели наградите кои го носат името на Татјана Петрова, во чест на прерано починатата битолчанката која годинава ја загуби битката со коронавирусот, а беше членка на клубот.

Наградите се доделени за дела кои пристигнаа на конкурот „Цртаме за мирот“ што го распиша Ротари клубот Битола Широк Сокак, а се врачија токму денес на Меѓународниот ден на мирот. Наградите во износ од по три илјади денари ги обезбеди печаницата „Киро Дандаро“ каде Татјана беше вработена како графички дизајнер.242386585 2137948773020926 3238735205298609551 n

„Татјана Петрова беше родена во 1979 година. Високо образование заврши на Педагошкиот факултет, во 2003 година се стекна со звањето диполомиран учител. Таа уште од детството покажа голема љубов кон уметноста и цртањето, сојата професионалан кариера ја насочи кон графичкиот дизјан, па работеше како графички дизајнер во печатници. Во 2019 година запишува втор факултет за Информациски и комуникациски технологии во Битола, ја заврши прва година, но за жал не ја продолжи втора година зашто почина“, рече професорката Моника Марковска, промотор на изложбата.

-Ќе ја паметиме по сончевата насмевка, ведрина, љубовта кон животот, естетиката, децата, планината, езерото животните. Нашиот клуб и понатаму традиционално секоја година ќе одрганизира вакви настани и ќе додекува награди што го носат името Татјана, додаде професорката.242495240 661557381474321 2234390449430769969 n

Трите награди ги врачи преседателот на Ротари клубот Широк Сокак Владимир Христовски.

-Целта на настанот е да ја поттикниме креативноста на младите луѓе , да пренесеме порака за мир и толеранција и соживот. На наградниот ликовен конкурс се пријавија 285 цртежи,доделуваме три награди, две за цртежи во хартиена форма и една за дело во дигитална форма“, истакна Христовски.242376875 237005571705070 5185465005232490594 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани