АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Монодрамата „Трите животи на Исидора Данкан“ од Молдавија, по текст на Зиновиј Сагалов, во режија на Марија Паљницкаја и изведба на актерката Јана Лазар е годинешниот добитник на наградата Гран при на 21-то издание на Интернационалниот фестивал на монодрама што се одржа во Битола.
Со доделувањето на наградите и соло перформансот на Петар Милошевски „Пасија по Биби“ вечерва се спуштија завестите на фестивалот.
Награда за најдобра режија доби режисерката Невена Митева за монодрамата „Комедијантка“ од Бугарија, а на сцена ја изведе актерката Маја Бежанска.
Наградата за најдобар актер жирито му додели на Игор Ларин од Русија за монодрамата „Забелешка на покојникот“ по текст на Михаил Булгаков.
Награда од публиката ја доби монодрамата „Сé што сум премолчела“ од Хрватска, во изведба на актерката Миа Беговиќ, а во режија на Иван Лео Лемо.