2win800x200

Во Пелагонија нема опасност од поплави, Стрежевската акумулација подготвена да ги прифати надојдените води

Мај 13, 2019

Нема место за страв од поплави по земјоделските површини во Пелагонија и покрај обилните врнежи дожд зашто Стрежевската акумулација е подготвена да ги прифати надојдените водотоеци, соопшти Менде Граматковски, директор на Јавното претпријатие „Стрежево.“

 

„Во овој период, по најавата на синоптичарите за зголемени врнежи од дожд, ЈП ‘Стрежево’ е подготвено да ги прифати сите дотеци од подпелистерските сливни подрачја. Во овој момент Стрежевската акумулација е полна со 85 милиони кубни метри вода. Да нема загриженост во однос на поплави зашто оваа акумулација е подготвена водите што ќе надојдат во овој период да ги прифати и да нема место за став од поплави на земјоделските површини во Пелагонија“, рече Граматковски.60193587 824930497871326 6443774330798080000 n

(Фото Менде Граматковски, директор на ЈП „Стрежево“: „Дождовите се добредојдени за Акумулацијата“ )

Екипи од ЈП „Стрежево“ се излезени на терен и будно ја следат ситуацијата во случај при појава на свлечиште веднаш да интервенираат.

„Во 2015 година на Главниот канал се имаше појавено свлечиште по обилните дождови. Но, тоа со доаѓањето на новото раководство е санирано. Во овој период по Главниот канал редовно се испорачува вода за сите водокорисници. Денес имавме колегиум , сите надележни екипи во претпријатието се договоривме да бидиме подготвени, техниката и работниците се на терен и онаму каде ќе детектираме свчечиште веднаш да интервенираме и да не дојде до ситуација да не можеме да испорачаме вода, од една страна на Главниот канал, а на собирниот канал имаме зголемено присуство на луѓе и механизација, се со цел да можеме да ги прифатиме водите од Пелистерското подрачје“, рече Граматковски.60415466 2404213366479250 7578646527401263104 n

60067968 2358207464505485 2777662290713903104 n

Фото: Акумулација „Стрежево“

Од „Водостопанство“ подружница Битола јавуваат дека речните корита се исчистени, а каналската мрежа е во дробра состојба и засега нема опсаност од нивно излевање.

„Реките се чисти, реката Црна е чистена во 2016 и 2017 година комплетно, таму не очекуваме да има проблем, река Шемница е чистена до Бели Мост и реката Драгор е чиста. Примарните канали, 15 на број, редовно се одржуваат и се во добра состојба и можат да ги прифатат најавените врнежи. Моментално нема опасност од поплави. Нивото на река Црна е на 90 сантиметри, не би требало да има никакви проблеми се дури не дојде до 2,50 метри“, рече Дејан Заровски од „Восостопанство“.60389085 2163853043662757 6972644753812750336 n

(Фото- Дејан Заровски, раководител на сектор при „Водостопанство“) 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани