2win800x200

Во чест на Нешат Аземовски Ротари клубот Широк Сокак објави конкурс „Млади поети пишуваат за планетата Земја“.

Април 22, 2022

По повод одбележувањето на 22 април, Светскиот ден на планетата Земја и Светскиот ден на книгата, 23 април, Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ започнува со реализација на проектот: „Млади поети пишуваат за планетата Земја“. Реализацијата на овој проект ќе биде во чест на упокоениот, почитуван Ротаријанец и активист Нешат Аземовски. Нешат Аземовски беше истакнат, активен долгогодишен еко- активист и основач на НВО „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација на младите, промотор на вредности за мултикултурализам. Препознатлив по својот активизам на локално, национално и меѓународно ниво.

Целта на проектот е да се поттикнат и мотивираат младите поети да пишуваат, промовирајќи го своето креативно творештво. На тој начин ќе може да ги афирмираат своите творби пред пошироката јавност. Проектот преку објавување на творбите на младите поети ги истакнува заложбите на Ротари Клубот Битола „Широк Сокак“ за силна и директна стимулација на творештвото на младите поети од Пелагонискиот регион.

Конкурсот е наменет за млади автори на поетски творби, на возраст од 8 до 18 години.

Конкурсот за доставување на поетски творби започнува од 23.04.2022 година и ќе трае до 20.05.2022 година. Секој учесник има право да учествува со една поетска творба на тема екологија, животна средина, заштита на Планетата Земја итн.

Поетските творби теба да бидат напишани во формат Times New Roman, со големина на буквите 12. Секоја поетска творба треба да содржи име и презиме, возраст, адреса, училиште, телефонски број (име на менторот, иако не е задолжително да имате ментор).

Литературните творби треба да се достават на маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., со назнака: ЗА КОНКУРС МЛАДИ ПОЕТИ.

Резултатите ќе бидат објавени на 25.05.2022 година на веб страната: www.nuub.mk и на Facebook профилот НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола.

Најдобрите поетски творби ќе бидат објавени во заедничка збирка на поезија и ќе бидат свечено промовирани на 05.06.2022 година (на Светскиот ден на животната средина). За местото на одржување дополнително ќе следат информации.

За сите дополнителни информации контакт личност м-р Фатма Бајрам Аземовска, тел.број 070699743, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани