АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Сообраќајот на Обиколницата кај Битола е нормалзиран околу 20 часот, информираат од битолската Полиција за апла.мк. Патот беше блокиран околу еден час, откако жителите од Ромската населба запалија ѓубре на коловозот од што се издигаше густ и црн чад. Тие на овој начин го изразува револтот затоа што со денови се без струја.
Отпад беше запален и пред еден месец на 22 март. Ваквите блокади во минатото беа многу чести, па се случуваше патот да не е во функција со денови. Пред година и половина беше поставен заштитен ѕид на обиколницата. Целта беше да се обезбеди поголема заштита за населението кое живее непосредно крај коловозот, но и да се спречи фрлање и палење на смет на сообраќајницата.