Во текот на изминатата вечер (02/03.01.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 14 возачи од кои (9 во Битола,4 во Прилеп,еден Македонски Брод),а откриени биле и 13 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.