2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

80 години од формирањето на битолскиот партизански одред "Пелистер"

Април 22, 2022

 

 
Пред 80 години, на денешен ден, 22.04.1942 година, точно една година од окупацијата на Битола од страна на бугарската фашистичка војска и полиција, во пазувите на Баба Планина, во Лавчанската Корија, е формиран првиот партизански одред ПЕЛИСТЕР. 
 
  Формирањето на одредот беше нужно, по  секојдневниот терор врз битолчани, а особено по априлската провала, кога голем дел од организираните комунисти беа затворани, испитувани и мачени, а особено по херојската смрт на Орде Чопела и Вангел Мајорот.
 
Партизанскиот имаше за цел да ги  подготви борците  за ракување со оружје и борба со окупаторот. Борбениот состав на одредот го  сочинуваа 21 борец од кои 16 од Битола и 5 од Прилеп.  Со одредот раководеа Ѓорѓи Наумов-командант, Димитар Николовски- Таки Даскало- политички комесар и Киро Крстевски- Платник-воен инструктор. 
 
Набрзо, откако преку шпиони е лоциран од бугарската окупаторска војска и полиција, на 3 мај 1942 година над селото Ореово, Битолско е опкружен и разбиен.
 
Притоа загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која всушност, беше тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени се: Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои беа одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна обесени.
 
Останатите партизани од Одредот успеаа да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.
 
FB IMG 1650641409838
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани