АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во еден ден пламнаа три пожари на територијата на општина Новаци за кои нема точни податоци од што се предизвикани, но постојат сомнежи дека биле потпалени.
Првиот пожар се појавил меѓу селата Арматуш и Мегленци. Пожарникари кои гаснеа таму велат дека зафатил површина во обем од три километри. Акцијата за гасење траела околу шест часа. Се успеа да се спречи ширење на огнот кон селата. Тој зафати нискостеблеста шума и е локализиран.
Другиот пожар се појавил во близина на селото Тепавци, а во негово гасење учествувале екипи од Општина Новаци, како и членови на горско-спасителното друштво „Ава Кота 1050“. Со интервенција на терен беше спречено пожарот да се шири кон траките на РЕК и да навлезе во селото.
И третиот пожар се појави кај село Рапеш, но нема опсаност по селото, а огнот се прошири кон река Црна. Во гаснењето тука се вклучија и екипи од Шумското претпријатие „Кајмакчалан“.
,,Едниот пожар беше меѓу селата Арматуш и Мегленци каде учествуваше Територијаната противпожарна единица од Битола и пожарникарско возило од РЕК. Тој пожар е целосно локализиран. Моментално се работи на терен кај селото Тепавци каде гаснат екипи од општина Новаци и горско-спасителното друштво 'Ава Кота 1050'. Има уште еден активен пожар од село Рапеш кон мостот на Црна“, рече Александар Ангелевски од ,,Ава Кота 1050", кој воедно е и координатор на проектот на за заштита од пожари на отворено на Дирекцијата за заштита и спасување.
.Тој додаде дека нивните сознанија од терен е дека пожарите настанале од човечки фактор. Најверојатно намерно потпалено.
Градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски потврди дека денес горело на повеќе локации на територијата на општина Новаци, но дека засега причините не ги знаат за нивното избувнување. Тој додаде дека покрај другите служби и екипи на Општината и Комуналното претпријатие се вклучени во гаснењето. Рече дека на одредено место беше зафатена и борова шума. Онаму каде што уште горе, ќе се продолжи со интервенцијата , а при тоа ќе се користат и грбни пумпи.