2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битола некогаш имала двесте улични чешми

Август 09, 2019

На овие пеколни летни температури уличните чешми онаму каде што ги има низ градот се одлична можност за разладување. Битола во турско време била град на чешми и шадрвани. Низ годините повеќето од нив се урнале, некои станел нефункционални, но и денес како таканарачена мини архитектура го красат градот на конзулите. Поголемиот дел од нив имаат убави форми, изработени се од мермер, издлабени со различни симболи и пораки.

            Според трудот на етнологот Здравка Маретиќ и историчарот на уметност Радмила Момидиќ, објавен во Зборникот на трудови издаден 1979 година од битолскиот Завод и музеј, Битола до 1912 година, односно до пропаѓањето на Османлиското царатво била во суштина град на чешми. Тогаш ги имало над двесте. Дел биле приватни, други вакафски и влегувале во состав обично на џамиски комплекси и јавно чешми изградени по улиците на плоштади, раскрсници и пазари. Во тоа време дел од чешмите ги градела власта или богати личности во вид на лична задужбина. Истото се однесувало и на ориенталните фонтани-шадрвани, па дури постојат и податоци за одредена куќа на Смаил бег изградена во 16 век, а по ослободувањето урната, каде во дворот кој бил многу простаран имало градина со водоскок. Карактеристични за тој период се и дрвените тулумби, каква што имало кај Безистенот. Од нив денес не е зачувано ништо. Повеќето од нив биле изведени од специјално импрегнирано дрво за таква намена.

            По пропаѓањето на Османлиската империја голем број од чешмите биле запуштени зашто масовно се иселувало муслиманското население. Воедно и во поранешна Југославија заради помал трошок на вода тие чешми се затворија и никој не ги одржуваше, па дел денес се урнати. Сепак има ретки примероци сочувани во некои приватни куќи низ градот. Така, според истиот зборник, турска мермерна чешма со плиткорељефна декорација има на улица „Стив Наумов“ во Битола, потоа низ неколку други улички на битолскиот Баир. Незавосно од каков материјал биле направени чешмите во минатото истражувачите посочуваат дека нивната декорација била ориентална со врежан декоративен арапски натпис, со розети, симболи на исламот, вкомпонирани сончеви здраци, венци и друго.

Чешмите најчесто се граделе во битолската чаршија и имале хигиенска, добротворна и украсна намена. Преовладувале дрвените тулумби со мермерни корита, а мермерни чешми имало кај срафите, казанџиите, кај Житни пазар, кај Ат пазар и на други места.

Што се однесува до шадрваните тие биле градени на тој начин што нискиот дел односно базенот им бил соѕидан од камен и тула или пак од мермерни плочи, а другиот дел секогаш претставувал скулпторски фино обликувано мермерно тело со повеќе чашки каде водата се прелева од една во друга.

Ж.З.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани