АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ракометниот клуб „Еурофарм Работник“ издвојува победа во дерби натпреварот со „Спартак Москва“ вечерва во Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, со што дебитираше со успех во СЕХА лигата. Натпреварот заврши со резултат 34 наспрема 29 во полза на битолскиот клуб , а во текот на второто полувреме „Еурофарм Работник“ имаше и шест гола водство. Ракометарите покажаа одлична игра на терен, а почетниот успех е одлична можност за самодоверба во пресрет на напорните натпревари кои ќе следат во СЕХА лигата и Лигата на шампионите.
Публиката ги бодреше ракометарите, но изнеанди тоа што и покрај големиот интерес кој за натпреварот постоеше со недели наназад, сепак, дел од салата остана со празни столчиња. Со натпреварите во СЕХА лигата беше најавено дека во Битола се враќаат квалитетните натпреварувања од пред петнаесетина години, а се знае дека во тој период за вакви настани салата беше преполна..