АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Попладнево, по написот на Апла.мк, експресно отстранет е креветот и другата покуќнина што инвалидизрано лице ги донесе пред Матичното одделение, кај поранешно „Борово“ во центарот на Битола. На местото вечерва имаше само ѓубре, шишиња и една празна гајба, а битолчанецот кој е познат во јавноста, веќе не беше таму.
Тој, откако се смести под стреата кај Борово, застана на пешачката патека со инвалидската количка и просеше пари од минувачите, иако надоместоците кои по неколку основи ги добива од државата изнесуваат над 15 илјади денари.
Од Центарот за социјални работи денеска за Апла.мк рекоа дека екипа од социјални работници излегле на терен, но лицето одбило да биде згрижено. Полицијата, пак, интервенирала по барање на ЦСР, но пријава од старна на граѓани за нарушување на јавниот ред и мир немало.
Сепак, лицето вечерва заедно со креветот, постелнината и останатата покуќнина е отстрането од улица.