АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пешачкиот премин на Широк Сокак кај хотелот Епинал доби нов дизајниран лик, меѓу белите линии исцртани се жолти кругови што е исклучително впечатлив и за пешаците и за возачите.Од изутрината беше спороведен времен режим на сообраќајот кај хотелот Епинал, заради теренска работилница на отворено, со промоција на безбедни пешачки премини. Беа реализирани и други едукативно-креативни активности, со цел зголемување на безбедноста преку едукација и промоција. Вчера започна одбележувањето на Европската недела на мобилност.
Европската недела на мобилност е платформа со мерки за пешачење, безбедно користење велосипед и квалитетен градски превоз, со цел граѓаните да се привлечат да го менуваат начинот на движење и патување низ градовите.
„Градовите да се планираат за луѓе и места, а не за автомобили. Централното градско подрачје да се врати на граѓаните. Повеќе да пешачиме и да користиме алтернативни видови на превоз, зашто ако знаеме дека сообраќајот учествува со 25 проценти во вкупното загадуање, јасно е дека треба да го менуваме курсот во планирањето. Проблемите се во некултурата на учесниците во сообраќајот, во непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, потребно е поголемо преземање на превентивни мерки, но можеби и поригорозни казни”, рече Јасмина Буневска-Талевска, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот во Општина Битола и национален консултант за одржлива мобилност.
Сања Стаматова, портпаролка на СВР, апелираше и до пешаците и возачите да ги почитуваат сообраќајните знаци, зашто знаат да бидат недисциплинирани.
„За овие осум месеци од 2019 имаме една жртва пешак од сообраќајна несреќа. Во 2018 немало. Во сообраќајни несреќи во 2018 во Битола загинале две лица, а годинава четири”, рече Стаматова.