АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
До редакција на АПЛА.МК Димитар Пипилевски директор на ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица испрати отворено писмо кое ви го пренесуваме во целост.
Почитувани,
Чувствувам морална и етичка обврска да се произнесам по неодамнешните случувања. Имено, во четвртокот, 3.10.2019 година, околу 20.00 часот, предизвикав сообраќајна незгода под дејство на алкохол. Заради ова, поднесувам оставка на местото директор при ОУ „Крсте Петков Мисирков“, Бистрица.
СДСМ е сериозна партија и ние, покрај обврските, ги преземаме и сите одговорности кои ни ги налага функцијата. СДСМ нема да прикрие сообраќајки со замена на возач, СДСМ нема да употребува хилти за непослушниците, СДСМ нема да руши објекти заради политички притисок, СДСМ нема да рекетира фирми и да прави „Бели палати“, СДСМ покачува плати, пензии, социјална помош, СДСМ ја носи Македонија пред вратите на европското семејство, и што е најважно, СДСМ презема одговорност за постапките. И да, токму чувството за одговорност и совесност им даваат суштина и веродостојност на зборовите "НА ПРАВ ПАТ".
Сега чувствувам потреба и да спомнам за сработеното во мојот едногодишен мандат:
- целосна реконструкција на ПУ Жабени;
- изградба на спортска училница и замена на дел од кровот во ПУ Меџитлија;
- целосна реконструкција на двете училници во ПУ Граешница;
- заедно со пријателите, опремивме, технички и со фонд од 8000 наслови, библиотека во ПУ Кишава; Ова е само мал дел од сработеното, но ги поканувам сите заинтересирани да го посетат училиштето и да се уверат.
Во секој случај останувам целосно посветен на мојот ангажман за подобрување на условите во училиштата и во регионот каде припаѓаат и несебично ја нудам мојата помош во иднина. Се надевам со оваа моја постапка ќе им бидам пример и на учениците, како да се преземе одговорност за постапките.
Воедно, сакам да ѝ соопштам на јавноста дека, почитувајќи го етичкиот кодекс на СДСМ, поднесов писмена неотповиклива оставка од извршниот одбор на општинската организација до претседателот на ОО на СДСМ Битола
Со почит,
Димитар Пипилевски