2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Четири дена нема одговор од министерот Адеми кои подрачни училишта во Битолско ќе се реновираат

Јануари 28, 2019

Четири дена нема одговор од Министерството за образование на обвинувањата на директорот Димитар Пипилевски од ОУ „Крсте Мисирков“ од Бистрица дека ќе се реновираат само подрачните училишта на албански јазик што се под ова централно училиште.

 

Откако во четвртокот Пипилевски упати отворено писмо до министерот за образование Арбер Адеми по информациите што ги добил дека ќе бидат посетени и санирани само албанските училишта, од редакцијата на Апла.мк се обративме до Министерството за образование со прашање каква ќе биде динамиката за реконструкција на училиштата. Од Одделението за односи со јавност телефонски ни беше соопштено дека министерот нема портпарол, па тие ќе го упатат нашето прашање до Кабинетот на Адеми.

„Доколку има одговор ќе ве известиме оти ова е прашање што лично треба да го одговори министерот“, ни беше кажано од Одделението за односи со јавност при Министерството за образование. Но, одговор до денес не добивме.

Отвореното писмо од директорот на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ крена голема прашина на социјалните медиуми. Тој во писмото напиша дека добил повик од колешка од село Меџитлија дека училиштето ќе биде посетено и Министерството ќе се заложи за реновирање и средување на училишните згради (шеснаесет на број). Но, потоа дознал дека тоа нема да важи за сите училишни згради.

„Министре, сите Ве доживувавме како млад, напреден, способен човек кој ќе може да ги сфати и да ги реши нашите проблеми. Но, оваа постапка оди против сѐ за она за кое сум се борел, се борам и ќе се борам. Знам дека по оваа моја реакција единственото нешто што ќе се промени ќе биде мојата позиција како директор, но сѐ уште имам и „капка“ надеж дека сето ова е без Ваше знаење и дека ќе постапите правилно“, напиша Пипилевски во отвореното писмо до министерот за образование.

Нашата редакција останува отворена да го објави одговорот на Министерството за образование, доколку одлучи да се огласи по писмото на директорот од Бистрица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани