2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПОМАКУ ПОЗНАТИ ФАКТИ ЗА БИТОЛСКАТА СААТ КУЛА

Октомври 05, 2019

1.Во пишаните податоци Саат-кулата се споменува уште во 17 век, но никаде не постои опис, па не се знае точно дали е таа истата оваа кула која постои и денес. По кажувања, постојат податоци дека денешната Саат-кула е градена во исто време со црквата „Св. Димитрија“ во 1830 година.

2.Според фотодокументрацијата на Завод и муеј од Битола, Кулата воопшто немала диск со броеви стрелки за покажување на времето се до 1924-1927 година. Постои фотографија од 1912 година   на која на местото каде што денес се бројчаниците има лачни пенџериња. Обесени се ѕвона што значи означувањето на времето било со звучни сигнали.

3.Првиот бројчаник бил бел со црни броеви и стрелки и со помал пречник од денешниот..саат

4.Првиот изработен план за Саатот бил во 1935 година од инженер Јосиф Скоберне. Се претпоставува дека бил изработен по нарачка на германската фирма „Конфаге“ која следната 1936 година подарила нов саатен со музички механизам. Стариот механизам и бројчаник биле врадени во кулата на тогашниот монопол.сааат

5.Во 1940 година на Саат-кулата биле поставени две посматрачници, на кои по завршувањето на Втората светска војна се виореле црвени знамиња кои за првпат ги поставиле партизаните на Седмата ударна битолска бригада, Тоде Тодоровски и Никофор Ганаго.

6.Внатрешните скали имаат форма на кружен исечок. Широки се 65 сантиметри, високи од 20 до 25 сантиметри. Вкупно ги има 97 и со нив се совладува висина од 22,17 метри. Постои и дрвена скала со осум нагазни површини.

7.Од темелите па се до терасата Саатот е составен од четири еден на друг ѕидови со висина од 27,9 метри и променлива дебелина од 168 сантиметри на приземјето до 75 см. кај бројчаниците.

8.Го одржувале Стеван Филиповиќ, битолски саатчија, Наум Цингара еден од првите саатчии во Битола кој учел занает во Виена, Кочо барабанџијата кој во бугарско време читал прогласи, па Никола Стојановски кој работата ја обавувал волонтерски и неговиот син Тоде Тодоровски.

Податоците се од научниот труд „Саат кула во Битола“ на Весна Кочанковска, градежен инженер и истражувач во Завод и музеј Битола објавен во Зборник на трудови 1992-1995.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани