АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во предвечерието на Новогодишната ноќ, Саат кулата во Битола е осветлена во боите на македонското знаме, карактеристични и за грбот на Општина Битола. Црвено - жолтата светлина го исполни и просторот околу еден од најважните симболи на Битола.
-Додека, Старата битолска чаршија и Платото пред Офицерскиот дом, живеат со „Зимска приказна“, Саат кулата, како посебна, значајна знаменитост за Битола, во новите 365 дена, со посебен колорит на топлина и впечатливост ќе го исполни просторот кај Градскиот парк, соопштија од Општина Битола