АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Шумската полиција од Демир Хисар при организирана акција заедно со шумочуварската служба од Национални шуми „Бигла“-Демир Хисар затекнаа на лице место четири лица од Крушево при дива сеча на дрва. Дрвокрадците подолг период „оперирале“ низ демирхисарските шуми и биле следени од шумската полиција, дознава Апла.мк.
Во успешно спроведената акција одземени се десет метри дабови огревни дрва, товарно моторно возило и фалсификуван импровизиран жиг за жигосување на дрва. За сторителите поднесени се соодветни пријави.