2win800x200

Се гради патот Прилеп -Тополчани-Битола

Октомври 14, 2019

Се реконструра патниот правец Битола -Могила, во декември тендер за експресен пат за Меџитлија.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Агенцијата за државни патишта Зоран Китанов во придружба на градоначалниците од Пелагонија извршија увид  на градежните активности на патот Прилеп -Тополчани-Битола.

Сугаревски рече дека овој пат од 15 километри во делот каде што е оштетен ќе биде целосно направен бидејќи претходно и Македонија пат го има санирано тој дел . Министерот најави дека се работи на проектирање на експресен пат од Битола до Меџитлија. Постоечкиот пат ќе биде саниран.

72118571 423524651640879 8754075610554302464 n

Китанов рече дека од први декември ќе биде објавен тендерот за обиколницата од Битола за Меџитлија. Тоа ќе биде експресен пат и до година ова време ќе биде завршен.

-Во моментов тече тендерот за звучни бариери ба обиколницата кај Баирот за да се среди, рече тој.

Градоначалничката Наташа Петровска рече дека санирана е обиколницата кај Баирот, подобрена е конекцијата меѓу општина Битола, Новаци и Демир Хисар, а денес се подобрува и инфраструктурната врска од Битола за Могила.

72541630 730969180701968 4030350392343658496 n

Градоначалничката на Могила Јасмина Гулевска рече дека рехабилитација на патниот правец од излезот на Битола за Могила не е направена 60 години, а со сегашниит зафат  на овој  значаен правец кој поврзува 6 општини во Пелагонискиот Регион,  најголем бенефит ќе видат жителите на 22 населени места во општина Могила.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани