2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Соработка на Клиничка болница Битола и Кромберг и Шуберт- бесплатен ехо скрининг на дојка

Октомври 16, 2019

ЈЗУ Клиничка Болница Битола се вклучува во одбележувањето на oктомври како месец посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Заедно со „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола ја отпочнуваат првата кампања под мотото: „Надеж,храброст и сила-заедно спасуваме живот“. Првиот бесплатен  ЕХО скрининг  на дојка започнува во просториите на „Кромберг и Шуберт“- Македонија ДООЕЛ Битола, каде сите вработени од оваа компанија можат да се јаваат на преглед кај медицинската екипа од Болницата која таму е секој ден овој месец. 

 „Целта ни е да ја покренеме свеста во нашиот град кај секоја жена за оваа болест која ако навреме се детектира и правилно се третира може да спаси живот. Ние нема да застанеме тука, ова е само почеток, планираме кампањата да биде активна преку цела година се со цел женската популација да ја активирамe целосно и да делуваме превентивно. Затоа менаџерскиот тим при Клиничка болница Битола на чело со директорот Др. Зоран Лазаров оформи медицински тим предводен од Др. Алeксандар Димовски, ренгенолог, кој ќе биде активен низ цела година со голем број скрининзи низ нашиот град заради превентивата на прво место“, соопшти Сузана Конеска, портпарол на Битолската болница.болница 3

Од Боницата изразуваат надеж дека со оваа кампања позитивно ќе влијаат и врз промената на размислувањето кај жените во нашиот град и пошироко за преглед на мамографија и EХO на дојка бидејќи во оваа фабрика има жени вработено не само од Битола туку и од нашите соседни градови Ресен,Прилеп,Демир Хисар.

“Голем број на студии покажаа дека раното откривање на ракот на дојка помага во процесот на доброто лекување,затоа голема благодарност до раководството на Кромберг и Шуберт Македонија ДООЕЛ БИТОЛА за прифаќање на нашата иницијатива заедно да се вклучиме во месецот октомври посветен на борбата против ракот на дојка и сакам да појаснам дека од страна на менаџерскиот тим при ЈЗУ Клиничка Болница Битола поканата еве јавно е упатена до сите да се вклучат во ваквите скрининзи и активности се со една цел преветива за ракот на дојка кај нашите жени,да го следат примерот на оваа организација бидејќи ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ ПРОМЕНА“, рече Конеска.болница 2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани