2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола облачно и ветровито, на удар метеоропатите

Ноември 30, 2017

Битола во текот на ноќта и во раните утрински часови беше погодена од силен ветер од југоисточен правец со брзина од 54 километри на час. Засега нема информации за предизвикани штети, а метеоролозите најавуваат дека и во текот на денешниот ден во Пелагонија ќе дува ветер, исто така, со брзина од 54 километри на час.

Времето во текот на денот ќе биде облачно со температура од 10 до 16 степени и врнежи од дожд. Слично време ќе има и утре, а врнежите ќе бидат пообилни во сабота. Снег ќе има на повисоките места, а од понеделник температурите ќе бидат во опаѓање, информираат од УХМР.

meteo2

Метеоролозите најавуваат и лоши биометеоролошки услови. Метеоропатите ќе се соочат со честа појава на главоболка во текот на денешниот ден, како и болки во колена, на грбот и вратни болки. Во вечерните часови ќе има честа појава на општа слабост, а кај некои ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови болките кои се од ревматски карактер и артритични промени ќе се подолготрајни, предупредуваат метеоролозите.

Исто така и за утре се најавуваат особено лоши биметеоролошки услови

meteo

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани