АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ЗА СОЛУНА, ЗА СТАМБОЛА, БИТОЛА НЕ ДАВАМ...
Најпознатата битолска улица Широк Сокак досега осум пати го менувала името, а булеварот „Први Мај“ дури пет пати.
Опстојувајќи со векови, секоја нова власт им ги менувала имињата. Биле нарекувани по султани, српски кралеви, бугарски цареви, кнезови, комунисти за на крај битолчани да си ги наречат „Широк Сокак“ и „Први Мај“
Хроничарот на Битола, професорот Александар Стерјовски во неговата книга „Калеидоскоп“ пишува дека Широк Сокак првин бил наречен „Хамидие Џадеси“ според тусркиот султан Хамид. Потоа, по победата на Младотурската револуција од 1908 година „Уриет“, па во српско време „Крал Петар“, во бугарско „Цар Борис Трети“, во СФРЈ „Маршал Тито“. Но, го носал и името „Локанда“ по истиомениот хотел што од крајот на 19 век и почетокот на дваесетти век постоел на Широк Сокак.
Крајдрагорието по Младотурската револуција била „Нијази беј“, па „Престолонаследник Александар Караѓорѓевиќ , „Кнез Симеон Трновски“, „Генералисимус Сталин“, за на крајот по Резолуцијата на Информбирото, булевар „Први Мај“.
Според „Калеидоскоп“ првите улични имања се поставиле во шеесетите години на 19 век. Меѓу раните имиња биле следните: „Емир Џелеби Маало“, „Бадемлик Баглари“, „Хамза –беј Маало“ оклу денешното училиште „Стив Наумов“, „Папа Трајче“ маало каде живееле и доста христијани, „Сердар Чешме“, „Чаршиска“, „Касап Даре“, „Кара Табак Маало“ денешна Бела Чешма, „Јашар Баир“ и други.
Во 1913 година имало ново преименување на сметка на буџетот на општината, а бидејќи сумата била поприлична се плаќала на рати. Благодарејќи на „Планот на Битола“ од инженерот Јосип Скуберне изработен во 1921 година, имаме увид и на имињата што биле преименувани по Првата светска војна, кои биле воспоставени и во Првата балканска воја. Голем дел од имињата биле имиња на градови и села: „Цетињска“, „Јагодинска“, „Сараевска“, но и на нации „Муслиманска“, „Еврејска“, „Маџирска“ и на личности од историјата „Крал Милутин“, „Цар Душан“, „Кралевиќ Марко“ , Столарска како „Димитар Боди“ кој бил прв српски конзул во Битола и други.
По ослободувањето битолските улици добија имиња на херои од НОБ, настани од Револуцијата, меаста каде се одвиле битки, како и на македобски војводи, комити, пријателски градови и слично. Преименување имаше и пред неколку години кога дел од улиците во градот добија и антички имиња, како и на комити, комитки чии животни приказни претходно не беа доволно расветлени.