АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Александар Стојанов ученик во шесто одделение во ОУ „Елпида Караманди“ од Битола воодушеви со неговиот тален за сликање откако за само еден час ја наслика Клара Шуман како да е дело на врвен уметник. Александар во саботата учествуваше на приредбата на Здружението за македонско германско пријателство и соработка од Битола кое меѓу другото одбележуваше и 200 години од раѓањето на Клара Шуман. Александар со леснотија и покрај преполната сала го наслика своето дело и предизвика восхит кај присутните.