АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Натпревар за најкреативна скулптура изработена од ѓубре во Битола организираат еко активистите од „Мети си со Класнето“ предводени од професорката Марија Магдалена Петковска Микаровска и компанијата „Божиновски часовници и накит“. На натпреварот до оваа недела можат да се пријават ученици, родители, наставници, младински работници и други битолчани кои до 20 декември ќе треба да ја подготват скулптурата од ѓубре.
Пријавувањето се врши на мејл: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со податоци за тимот што учествува со:
1.име и презиме на учесниците
2.училиште или организација
3.име и презиме и контакт од тим лидер
Скулптурата треба има димензии од 25х25х25 сантиметри, а покрај неа ќе ќе бидат изложени и следните податоци колкава количина на ѓубре е искористена, каков смет и од која локација е собрано, по можност и фотографии од местото. Ќе треба да достават и кратка приказна за скулптурата со цел опис на идејата.
Најубавите скулптури ќе бидат наградени, а сите ќе бидат понудени на аукција за донирање на средства за изработка на ботаничка градина на покривот на Центарот за култура во Битола. „
„Да го закитиме предновогодишното расположение со овој настан кој пред сѐ ќе биде креативен и нов начин за подигање на свеста за сите нас“, велат организаторите.
Ж.З.