АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од синоќа па се до 8 декември во фоајето на Центарот за култура во Битола е поставена изложбата „Шпанските градови со светско културно наследство“. На отворањето на изложбата присуствуваше Амбасадорот на Кралството Шпанија, неговата екселенција Емилио Лоренцо Сера.
-Синоќа отворивме изложба на фотографии на врвни мајстори на фотографијата кои прикажаа како овие градови од Шпанија го комбинараат најдоброто од минатото со она што го дава сегашноста, проектирајќи слики пред кои се одзема здивот, велат од Центарот за култура во Битола.
На фотографиите с епиркажани градовите Алкала де Хенарес, Авила, Баеза, Касерес, Кордоба, Куенка, Ибица, Мерида, Саламанка, Сан Кристибал де ла Лагуна, Сантијаго де Компостела, Сеговија, Тарагона, Толедо, Ибеда...
Шпанија не е како другите туристички дестинации кои нудат класика од туризам во големите градови, Шпанија е повеќе од тоа...историја во секој агол од земјата, богатото наследство, културата и уметноста која низ векови се создавала, додаваат организаторите.
Синоќа започна и „Неделата на шпанскиот филм 2019“
Од Центарот з акултура во Битола велат дека кога „зборуваме за шпанската кинематографија, она што фасцинира е тоа што таа е една од најиновативните кинематографии во светот“.
Гледано низ историјата, првата јавна филмска проекција се случила во Мадрид на 15 Мај во далечната 1896 година. Во таа иста година започнале снимањата на првите краткометражни документарни филмови.
Сигирно ова враќање во историјата ве потсетува на Битола, на Браќата Манаки и нивната дејност како први кинематографи на Балканот.
Звучни имиња на Шпанската кинематографија се запишани во таа нејзина богата историја.
Фруктос Геалберт, па Чомон и Баноз кои се сметаат за пионери на филмската анимација. Светската слава на почетокот од минатиот век ја започнува Флоријан Реј со филмот Проклето село, а првиот звучен филм Тајната на Пуерто дел Сол во 1930тата го режираше Франциско Елиас. Оваа историска низа не смее да заврши без името на Луис Брунел.
Во Шпанија не снимале филмови низ историјата само Шпанци, таму доаѓале маговите на филмската режија од светот вклучително и Холивид.
Кога ќе се приближи крајот на тој 20 век, Иманол Урибе, Хозе Луис Гарсија и Педро Алмодовар кажуваат се.
Ова е кинематографија на која се поклонуваме. И со радост ги отворивме вратите на неделата на Шпанскиот филм во Центарот за култура во Битола.