АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Еко акцијата „Мети си со Класнето“ продолжи и денес на плус 30 степени. Жешкото време не ги предомисли наставничката Марија Магдалена Петковска Микаровска, со нејзините ученици и други битолчани да го исчистат ѓубрето од популарната рекреативно –пешачка зона во поранешната касарна во Битола, местото познато како Кај авионите.
„Нас мирен ни е сонот и душата кога правиме добри дела. И тоа од 8 часот во недела на скоро 30 степени. Денес во мал број, но комплетно ефикасни кај авионите и по новиот пат (едно од најпопуларните места за пешачење). Мислевме нема да има многу ѓубре и ќе го префрлам со опелот, ама испадна дека еве изнендаувачки имало“, напиша Класнето на Фејсбук.
На местото собрале многу остатоци од градежни материјали од околните градби, пластични шишиња, остатоци од храна и пијалаци од излетниците.
Екологистите замолија на местото да се постават корпи, за тоа убаво место за прошетка да не се направи депонија.