АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успешно помина еколошката акција „Мети си со класнето“. На втора шест од Средното медицинско училиште, предводено од класната Марија Магдалена Петковска Микаровска им се придружија и родители, ученици од други класови, вработени на Правниот факултет, од здружението Геосфера, Мите Ристов со клас од Горната гимназија, од Млади хуманисти, од Народниот театар и други битолчани. Во акцијата учествуваа 60 битолчани на кои им пречи расфрленото ѓубре и сакаат чиста животна средина. Ја светнаа депонијата во околината на новиот пазар.
„Втора шест на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои не гледаа како да сме вонземјани. Најдовме стар мебел од некој труп трупосан шо сакал да си реновира дома, а да не плати камион да му го земи сметот и да го однеси во депонија. Па, си решил да направи депонија. Не се секирај друже средивме се, релакс ти не се напнувај децата скоцкаа се. Друг пат викни не совреме. Најдовме шприцови, метадонче, умрен зајак, телевизорчиња, чевли, алишта, документи на Снекии од фирмата, се' фала Богу една куќа да си суредиме од А до Ш“, напиша Класнето на фејсбук.
Додека чистеле, имало и такви кои ги гледале и со прст не мрднале.
„Пазарџиите најхит. Не мрднаа една рака да стават. Како не се засрамија, од тоа место го вадат лебот. Дури и нормално се потрудија да не обесхрабрат, џабе ви е, а овие моите им викаат, џабе ви е вас шо мислите дека ќе не убедите дека ни е џабе. Тука заврши муабетот“, велат учесниците во акцијата.
Следната недела пак тука ќе работат. Ќе им требаат повеќе од 60 луѓе, камион од Комуналец, а апелираат да се стават и корпи за отпадоци на 30 метри за да не се повтори старата слика.