АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возот од Скопје за Битола денес како на автобуска постојка си застана на железничкиот премин кај населбата Боримечка и симна двајца патници зашто оттаму му било поблиску да си одат дома. Ова за Апла.мк го посведочија возачи од Битола кои чекаа зад спуштените рампи возот да ги слези патниците, па да тргне понатаму. Тие коментираат дека возовите не се автобуси да запираат на секоја постојка, а најмалку на железнички премин додека сите други возила запираат давајќи му предност на возот.
Пред петанесет дена рампите на железничкиот премин на Дулие останаа кренати кога минуваше возот од Битола за Скопје. Тогаш машиновозачот претпазливо застана пред да помине преку преминот како да е на крстосница. Откако виде дека возачите застанаа го продлжи патот кон Скопје. Ова не беше првпат возот да минува преку железничките премини со кренати рампи.