АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Македонски железници -Патнички сообраќај на својата веб страница објавија соопштение за редуцирање на патничките возови од Битола кон Скопје и обратно без да соопштат детали и образложение за одлуката. Од среда во двете релации ќе сообраќа по еден воз на ден. Еве ја во целост објавата
ЖРСМ Транспорт АД Скопје – Патнички сообраќај ги известува корисниците на услуги кои патуваат на релација “Битола – Прилеп – Велес – Скопје“ и обратно дека од ден 25.10.2023 година (среда) дека сообраќајот на патничките возови на оваа релација ќе биде организиран само со возовите бр. 643 кој поаѓа од Скопје во 14.30 часот и воз бр. 640 кој поаѓа од Битола во 03.13 часот.
Овие измени ќе важат од 25.10.2023 година до нивно отповикување.