2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Железница набавува делови за да проработат возовите кон Битола

Јануари 09, 2024

 

Со набавката на резервни делови и со сервисирањето на дизел моторот на еден од возовите треба наскоро да профункционираат сите патнички возови на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Почнувајќи од крајот на октомври 2023 година, на оваа дестинација сообраќа единствено возот кој од Скопје поаѓа во 14:30 часот, додека од Битола поаѓа во 3:14 часот.

За да профункционираат патничките возови кон Битола, прво треба да се поправат кинеските моторни возови кои беа набавени пред неколку години. Железници на РСМ-Транспорт објави тендер за набавка на резервни делови за дизел возовите од серијата 711, при што во постапката е планирана набавка на хидраулични амортизери, сензори за дизел мотори и други резервни делови кои се неопходни за поправка на возовите.

Тендерската постапка е објавена и на сајтот за јавни набавки на ЕУ, како и на Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки. Целокупниот тендер за резервните делови е со проценета вредност од 12,5 милиони денари, а крајниот рок за доставување на понудите е до 26 јануари. Тендерската постапка предвидува постепено испорачување на неопходните резервни делови за дизел моторните возови за период од 24 часа.

Целиот текст на https://meta.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани