АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Офицерскиот дом го градиме и ќе отвориме, а на денот на отворањето специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник, порача градоначалничката Наташа Петровска на трибината ,,На прав пат" во Битола осврнувајќи се на говорот на омраза на социјалните мрежи.
„И покрај тоа што повеќето се свесни за нашата работа, дека тоа се факти од кои нема бегање, се обидуваат со говор на омраза секако да не оспоруваат на социјалните мрежи. Сите оние кои 12 години ни ја осакатија Битола, сега замеруваат за тоа што сме го направиле и што не сме успеале да го донаправиме во овие две години. Едно од озборувањата е поврзано со Офицескиот дом. И од овде ќе им поорачам Офицерскиот дом кој тие ќе го продаваа, ние го градиме и ќе го отвориме, ама виветувам дека на денот на отворањето специјалитетот што ќе го послужиме ќе биде тикварник“, рече Петровска.
Таа се осврна на тоа во каква состојба ја наследи Општина Битола и што се презеле да ја направат поубаво место за живеење.
„Јас сум истата онаа Наташа Петровска која заедно со многумина од вас стоевме на крстосниците за да го собориме режимот и токму од тие крстосници тргнавме и го одбравме правиот пат. Кога станав градоначалник на петтиот ден се соочив со извршно решение од 400 000 евра, се соочив со опшина во која беа наплатени комуналиите, но не беше изградена инфраструктурата. Се соочив со 12 блокирани училишта за кои катадневно треперевме дека ќе биде исклучена струјата. Денес перспективата е сосема поинаква. За само една година го направивме полигонот што тие не може да го направат цели шест години, за една година вложивме во Лавци 200 000 евра и донесовме водовод и канализација. Оставија касарна во која имаше калишта и ништо друго, вложивме 3,8 милиони евра за инфраструктура иако комуналиите што ги имаа земено не ги имаа потрошено на тоа место. Започнавме активности Подпелистерието да биде атрактивно за туристички развој зашто кога некој доаѓа не сака да доаѓа во место каде има септички јами. Изработивме колекторски ситем примарен , прочистителната станица е при крај, во тек е изведбата на секундарниот колекторски систем“, реле Петровска.
Таа додаде дека вложиле 1,3 милиони евра во стадионот, претходната власт се тупала во гради дека ќе го направи, а оставиле само полјанка. Се осврна и на образованието дека затекнатата состојба била очајна, 4,3 милиони евра долгови и ужасни услови за училишниот процес. Денес има инфраструктурни зафати во повеќе школи, училишната сала во ОУ „Триифун Пановски“ деновиве реконструирана ќе биде пиштена во употреба, 130 000 евра за кровна конструкција и дограма во Техничкото училиште, во градинките се вложени 266 000 евра за подобрување на условите и зголемен капацитет за сто деца за две години.
„Да правеа само една десетинка во нивните 12 години ќе направеа многу повеќе. Пожарната беше приказна за себе. Пожарникарите немаа основна опрема за да работат, за две години не само што вложовме во средства за да можат да ги извршуваат своите работи туку деновиве сме во исчекување на ново противпожарно возило, а три децении Битола ново не добила“, рече Петровска.
Истакна дека Битола почна да светнува со лед светилките на улицата „Васко Карангелевски“ и Булеварот „Први Мај“, а до крајот на годината ќе го затворат целиот прстен околу градот. Во моментов Општината има потпишано договори за над 3600 метри инфрструктурни зафати на улици со коплетно реновирање на коловоз, водовод и канализација.
„Договорите се потпишани, средствата ги имаме. Единствено за што размислуваме е дали да започнеме утре поради годишното време. Ако решиме поради зимата тоа да го направиме пролетта, да се знае дека тоа не е во функција на изборите, затоа што подготвителните активности не се прават за месец дена откако дознавме дека ќе имаме избори на 12 април. Тоа се активности правени најмалку година дена претходно. И затоа да не се зачудиме дека пролетта багерите ќе ја раскопаат Битола. 9000 метри квадратни поставивме бехатон плочки“, рече Петровска, додавајќи дека претходната власт „остави премниогу кал за да може цела нивна кал да се покрие за само две години. Но, ветувам дека и до 12 април и по тој датум ќе ја покриеме нивната кал во секое сокаче“.
600 000 евра рече дека вложиле во културните настани, но ни процент не заврши во џебовите на оние кои најмалку имаат допир со културата, како што се случуваше во минатото.
Ж.Здравковска